“Со оглед на тоа дека играм во Динамо во кој играат доста репрезентативци, малку им бев љубоморен зошто тие играат на СП или ЕП, а јас не. Сега можам да кажам дека ми се оствари сонот, ете и јас ќе играм со Македонија на едно големо натпреварување, на ЕП. Видете, никогаш не зажалив што ја прифатив понудата да играм за Македонија, напротив. Откако победивме во Тбилиси си велам себе си дека вредеше секој тренинг, секој меч, секој напор кој го вложував и јас да се најдам на едно големо натпреварување. Никогаш не зажалив што играм за репрезентацијата на моите дедовци. И кога ја донесов одлуката се дадов во таа приказна максимално, 100%. Ете се исплатеше“изјави Адеми за хрватските медиуми.