Републиканскиот адвокат Сидни Пауел вети дека ќе ги обелодени сите службеници и функционери кои помогнале во наводната кражба на претседателските избори во Америка, што беше извршено со помош на гласачката машина „Доминион“.

Пауел, која го застапува поранешниот советник за национална безбедност на Трамп, Мајкл Флин, во неговата правна борба околу „Русиагејт“, повика во своето гостување на „Фокс њуз“ на обемна истрага за, како што рече, долгогодишниот модел на мешање на изборите.

Таа тврди дека системот за гласање „Доминион“, еден од најголемите производители на машини за гласање, е „создаден за да произведе изменети резултати од гласањето во Венецуела за социјалистичкиот лидер Хуго Чавез“. Пауел тврди дека системот – за кој рече дека е финансиран од Куба, Кина и Каракас – е нешто повеќе од операција за местење избори.

„Доминион се користи насекаде низ светот за да се спротивстави на волјата на луѓето што сакаат слобода“, рече таа, истакнувајќи дека претседателот Доналд Трамп убедливо победи на овие избори.

Таа рече дека патриоти со докази за изборна манипулација се појавуваат секој ден и докажуваат дека и како се множат стотици илјади гласови со цел да се обезбеди победа за eо Бајден.

„Потребна е масовна кривична истрага и тоа ќе влијае на милиони гласачи и изборите“, рече таа, повикувајќи ги гледачите да излезат сега и да застанат на десната страна и да пријават измама“, пренесува РТ.

Пауел е загрижена дека крајниот рок државите да ги потврдат своите изборни резултати е во декември, а исто така ги критикуваше Одделението за национална безбедност и ФБИ.

Американските гласачи во 28 држави гласаа користејќи ја технологијата Доминион, вклучувајќи ги и гласачите во клучните изборни единици – Џорџија, Мичиген, Аризона и Невада. Сепак, компанијата што ги направи машините за гласање „категорично негираше“ дека е можна каква било измама.

Претседателот Доналд Трамп го обвини овој софтвер за бришење на 2,7 милиони гласови во Соединетите држави, како и за припишување на голем број на негови гласови, повеќе стотици илјади, на контото на Џо Бајден.