Адвокат од правниот тим на Доналд Трамп побара ново и рачно пребројување на гласовите во сите држави каде што се користи спорниот софтвер, што му ги припишува гласовите на Трамп на Џо Бајден во Мичиген.

Демократскиот кандидат Џо Бајден прогласи победа на претседателските избори во САД, додека тимот на Трамп најави правна борба за да ги докаже изборни нерегуларности.

Џеј Секулов, адвокат на Трамп, рече дека гласовите мора да се пребројат во сите држави кои користат софтвер чија грешка предизвика проблеми во една област во Мичиген.

Машините за гласање во округот Антрим, Мичиген, му припишаа 6.000 гласови на Трамп на Џо Бајден, а Секулов рече дека софтверот се користи во најмалку 28 држави во САД, вклучително и во клучните држави каде што пребројувањето на гласови е спорно.

Ако 30 држави користеа софтвер за кој се докажа дека е неисправен и дека броеше 6.000 гласа погрешно само во една област, адвокатите треба да побараат рачно пребројување. „Пост-изборната тужба е многу важна со цел да се заштити интегритетот на изборниот процес, како што рече претседателот, и да се заштити и Уставот“, рече Секулов за „Фокс њуз“.

Меѓу државите каде се користи спорниот софтвер се наоѓаат Аризона, Џорџија, Невада, Мичиген, Минесота, Пенсилванија, држави каде резултатот беше близу. Така, според сегашните податоци, Бајден води во Аризона, Џорџија, Невада и Пенсилванија со разлика помеѓу 7.000 и 35.000 гласови.

Исто така беше објавено дека компанијата што го произведува софтверот, го изврши своето ажурирање во Џорџија ден пред изборите, поради што машините престанаа да работат два часа во текот на денот на изборите.

Супервизорот на изборите во Џорџија, Марша Ридли, рече дека тие „додале нешто што не е нормално и што предизвика дефект“.

„Тоа е нешто што никогаш порано не е сторено. Софтверот никогаш не бил ажуриран ден пред изборите “, рече таа и додаде дека не знае за какво ажурирање станува збор.

Според компанијата „Доминион“, која го произведува софтвер, тој се користи во 28 американски држави и, на пример, само во Мичиген во 65 од 83 области во кои се стопи првичното водство на Трамп кога почнаа да пристигнуваат гласовите кои беа доставени по пошта.