Состојбата со корона вирусот во Македонија е алармантна. Со над 1000 новозаразени лица секој ден, здравствениот систем веќе е на стаклени нозе. Министерството за здравство вчера информираше дека во последните 24 часа се направени 3404 тестирања, а регистрирани се 1285 нови случаи на ковид-19, од кои во Скопје 522.

Од сите скопски општини, Аеродром води и го има убедливо првото место со 1079 активни случари. Веднаш зад него е Карпош со 923 активни случаи, па Гази Баба – 913, Центар – 893, Кисела Вода – 803, Ѓорче Петров – 555, Чаир – 400, Бутел – 366, Илинден -160, Шуто Оризари – 93, Сарај – 63, Петровец – 62, Сопиште – 58, Чучер Сандево – 47, Зелениково – 37, Студеничани – 33 и убедливо последно место е Арачиново со само 14 активни случаи.

Странци има 88 активни и Нераспределени се 145.