Српскиот агент, Горан Живаљевиќ, кого македонската јавност го запозна по сликањето селфи во македонскиот Парламент, кога таму се случија немилите настани на 27 април 2017, напишал книга. Името на книгата е Служба и во неа се објавени информации за атентататот врз поранешниот српски премиер Зоран Ѓинѓиќ.

Според пишувањето на Живаљевиќ, еден ден пред атентатот, на 11 март 2003 година од српскиот атеше во Скопје била испратена информација до Безбедносно Информативна Агенција во Белград дека ќе биде избршен атентат врз тогашниот српски премиер. Се уште не се знае кои биле изворите на тогашниот аташе во српската Амбасада во Скопје. Во тој период Живањевиќ е на функцијата заменик директор на БИА.

Инаку, по настаните на 27 април 2017 година, Горан Живаљевиќ ја напушти Република Македонија. Неговото селфи од македонскиот Партламент, каде како што самиот вели бил да проивери дали дел од српските навивачки групи учествувале во тие настани, беше причина за дипломатски тензии меѓу Скопје и Белград.

Не е откриено името на српскиот аташе во Скопје кој прв јавил дека се подготвува атентат врз Ѓинѓиќ, но се претпоставува дека тоа може да биде Зоран Мијатовиќ, кој беше втор човек на БИА по 5 октомври 2000-та година и рушењето од власт на Слободан Милошевиќ.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *