Во текот на изминативе денови во Тирана се дебатира за улогата на ОНА Косово и обвинетите команданти каде потпретседателот на Демократската партија на Албанија Еди Палока, тврди дека премиерот Еди Рама и руското Министерство за надворешни работи се единствените кои сè уште зборуваат за Жолтата куќа, во која според повеќе извештаи се правеле операции за вадење органи од заробеници на ОНА за време на косовскиот конфликт.

Неколку медиуми објавија дека еден од можните сведоци би можело да биде и Артан Груби, актуелен прв потпретседател на Владата на РМ.

Вo синоќешната емисија ClickPlus на ТВ21, Ахмети одговори на ова прашање, и кажа дека улогата на Артан Груби била само како преведувач и ништо повеќе од тоа.

Ахмети исто така кажа дека не му е пријатно затоа што смета дека се напаѓа мисијата на тогашната ОНА која се бореше за права и слобода на албанците во Косово.