Со ова се укинува указот од 1934та кога била донесена одлуката Аја Софија да стане музеј. Овој потег се смета за контроверзен, со оглед на тоа дека 1.500 години старата Аја Софија, првично била основана како црква, а за време на Отоманската империја била џамија.

Според неофицијални информации од тамошните медиуми, првата молитва во џамијата најверојатно ќе се одржи на 15 јули, денот кога во 2016 година беше обидот за државен удар.

Одлуката би била разочарувачка за милиони христијани, неодамна порача Вселенскиот патријарх Вартоломеј.

Претворањето на Аја Софија во џамија ќе разочара милиони христијани низ светот.

Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу претходно изјави дека статусот на Аја Софија е прашање на националниот суверенитет, додека претседателот Ердоган намерата ја искажа пред локалните избори во земјата во март.

Ја претворија Аја Софија во музеј одамна, а по изборите ние ќе ја промениме од музеј во џамија.

Најпрепознатливиот знак на Истанбул, Аја Софија е и најомилената туристичка атракција во Турција. Огромната купола и нејзините уметнички фрески привлекуваат милиони посетители годишно и е светско културно наследство заштитено од УНЕСКО.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *