По неуспешната пролетна продажба на хотели, грчките сопственици на имот започнаа со вториот бран на продажба на објектите.

Некои хотели можат да се купат по цена на луксузен трособен или четирисобен стан во центарот на Скопје.

Од 10 грчки хотели сега, во просек, само три се отворени. Ова беше резултат на одлуката на грчките власти селективно да ги отворат границите, а на оние хотелиери чии хотели останаа затворени им беше дадена државна помош „по соба“ од 800 до 1.500 евра, во зависност од бројот на звездичките на хотелот.

Голем број хотели во Грција кои беа нудени на продадажба пролетоска сè уште се нудат, но сега се цените пониски.

Така, сега купувачите можат да изберат семеен хотел од 150.000 евра. За таа цена, на пример, се продава хотел во Неа Врасна крај морето со четири соби и голем апартман.

За 300 илјади евра може да се изберат и хотел и место. За тие пари, се продаваат голем број хотели на Халкидики, Крф, Лезбос, па дури и на Пелопонез, почнувајќи од монденскиот Нафпли, додека на помалите места околу Спарта има хотели за по 200 000 евра.

Хотелите на Евија се продаваат буквално за бадијала, затоа што кога цената во Едипсос се дели со бројот на соби, излегува дека секој соба се продава за 10.000 евра.

Купувачот со половина милион евра е „вистинскиот крал“ и може да размислува дури и за Санторини. На овој остров, каде летуваат богатите, хотел на 40 метри од плажа може да се купи за 420.000 евра.

Интересно е што во самата Оја, каде се наплаќа и зајдисонцето, луксузен хотел, со супериор апартмани во традиционална градба, се продава за 800.000 евра. Оваа цена е незамислива, бидејќи хотелот се наоѓа на каскади, со базен кој има поглед на море, а до оваа година едно ноќевање се наплаќаше 400 евра од ноќ, работеше 220 дена во годината и беше пополнет со 95 проценти.

Зошто грчките хотелиери ги продаваат хотелите?

Најдобар одговор може да даде британецот Бенџамин Вили Блек, кој во 2016 година купи хотел на Крит со 26 соби. Сега од грчката држава земал 800 евра по соба, ги испратил вработените дома и го заклучил објектот.

Не го отворив хотелот затоа што туристите кои доаѓаат во Грција се незадоволни од годинешната услуга, која е полна со хигиенски ограничувања, нема ноќен живот, а островот е полн со празни кафулиња и продавници, ноќе е насекаде темно и не личи на Крит, рече тој за Грик рипортер.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *