Две студии покажаа дека луѓето со крвни групи 0 и Б имаат помал ризик од заразување со ковид-19, а доколку се заразат, помалку е веројатно да развијат потешка форма на болеста.

Пациентите заразени со ковид-19 со крвни групи 0 и Б поминале помалку време на интензивна нега отколку оние со групи А и АБ. Покрај тоа, имаат помала веројатност да имаат потреба од респиратор и помалку да имаат проблеми со бубрезите, покажа новото истражување.

Двете студии беа објавени во списанието Blood Advances. Едната стидија ги следела 95 критично болни пациенти во болниците во Ванкувер во периодот од февруари до април.

Откриено е дека пациентите со крвни групи 0 и Б минале, во просек, 4,5 дена помалку на интензивна нега од оние со групи А или АБ, кои минувале во просек по 13,5 дена на интензивна нега.

Истражувачите не ја утврдија врската помеѓу крвната група и должината на престојот во болницата. Сепак, 61 процент од оние со крвни групи 0 и Б биле ставени на апарати за дишење, во споредба со 84 проценти од оние со групи А и АБ.

Исто така, на пациентите со крвни групи А и АБ почесто им требаше дијализа – постапка што им помага на бубрезите да ги филтрираат токсините од крвта.

Пациентите со овие две крвни групи може да имаат поголема шанса за откажување на некои органи поради ковид-19 отколку оние со крвни групи 0 и B – заклучуваат авторите.

Оваа студија е во согласност со претходната студија од јуни, според која пациентите со група 0 во Шпанија и Италија имале 50 отсто помали шанси да развијат потешка форма на инфекција во споредба со другите групи.

Другата нова студија покажа дека луѓето со крвна група 0 имаат помала веројатност да заболат од оваа болест во споредба со луѓето од другите групи.

Тимот ги анализираше податоци од скоро половина милион луѓе тестирани во Данска од крајот на февруари до крајот на јули. Од 4.600 кои биле позитивни на ковид-19, 38,4 отсто имале крвна група 0.

Ова е помалку од учеството на крвната група 0 во вкупното население во Данска – 41,7 отсто, па истражувачите заклучиле дека луѓето со крвна група имаат намалена подложност на инфекција.