Во некои западноевропски земји не е невообичаено политичарите да се однесуваат како обични луѓе.

Еден од нив е австрискиот претседател Александер фан дер Белен, кој редовно го користи јавниот превоз и притоа ги почитува мерките воведени поради коронавирусот.

„На пат со виенскиот трамвај за Научниот центар во Виена“, напиша Фан дер Белен на Фејсбук.

Тој притоа носеше заштитна маска, која е задолжителна во јавниот превоз во Австрија. Виена е позната како град со најквалитетниот јавен превоз во Европа и голем процент од жителите редовно го користат.

Фон дер Белен (76) беше избран на функцијата во 2017 година, станувајќи само втор претседател на држава од Европската Унија кој доаѓа од редовите на Зелените.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *