Шарлиз Терон во неколку наврати, како и многу нејзини колеги, како што е Џенифер Анистон, апелираше дека мерките за превенција против Ковид 19, како што се носење заштитна маска и одржување социјална дистанца, се од најголема важност за да се спречи брзото ширење на инфекцијата.

Ширењето на свеста за тоа колку е навистина опасен вирусот корона, досега не даде добри резултати, барем судејќи според бројките, затоа што пред само неколку дена, Америка достигна неверојатна бројка од 65.000 пациенти за еден ден!

Веројатно револтирана од ваквото однесување, актерката се обрати кратко, но многу јасно и одлучно преку својот профил на Instagram и им порача на сите со еден хаштаг „не бидете го*но, носите проклетна маска!“ (Don t be an ass, wear a damn mask).

View this post on Instagram

Don’t be an ass, #WearADamnMask

A post shared by Charlize Theron (@charlizeafrica) on


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *