Актерката и модел Тања Робертс, позната како Playboy модел, Бонд девојка од филмот „View to Kill“ и улогата на мајката на Дона во серијата „That 70’s Show“, почина на 66-годишна возраст.

Американските медиуми објавија дека таа починала во неделата, но тврдењата ги негираше нејзиниот агент Мајк Пингел кој изјави дека таа се бори за живот во болница во Лос Анџелес. 

Робертс мирно починала во болницата Седарс-Синај во Лос Анџелес во понеделникот вечерта, каде беше хоспитализирана 24 декември, откако отишла да ги прошета кучињата и по враќањето дома паднала во несвест.

Освен што играше во филм од франшизата за Џејмс Бонд, кој тогаш го играше Роџер Мур, Тања ѝ е позната на јавноста и по улогата на мајката на Дона во серијата „That 70’s Show“ (Луди 70-ти).