Многумина му завидуваат на Драган Бјелогрлиќ за неговата поубавата половина, која изгледа многу привлечно, што не е изненадувачки со оглед на фактот дека порано беше модел.

Бјелогрлиќ и неговата сопруга оваа година ќе прослават 26 години брак, и иако тој не сака да се изложува во јавноста или да дава интервјуа, приказните за нив постојано се актуелни во медиумите, а актерот често можеме да го видиме на важни настани во нејзино друштво.

Благодарение на својата професија, Маја успева да го запознае сегашниот сопруг Драган Бјелогрлиќ за време на снимање на реклама за мебел.

Неколку месеци откако се запознавме, добив понуда да снимам реклама за кујнски мебел, во која ми требаше и женски партнер и тогаш се сетив на Маја. Не бев сигрен дали таа воопшто е во Белград, но јас бев и имав среќа што тогаш таа дојде за есенскиот испит, па ја ангажирав да глуми со мене во рекламата. Отпрвин игравме само љубовен пар, а набрзо навистина станавме пар изјави Драган.

Маја стана доста независна девојка, поради нејзината манекенска работа, живеејќи и работејќи прво во Париз, а потоа и во Виена. И покрај големите успеси во меѓународниот свет на модата, Маја не го запостави своето образование, па често доаѓаше во Белград бидејќи студираше, а потоа дипломираше на англиски јазик и литература.

Исто така е познато дека многумина ја споредуваат неа со Моника Белучи.

Сметам дека е големо достигнување што успеав да го следам мојот професионален напредок во мојот живот. Се обидов да бидам свесен за моите грешки и да ги исправам, како во животот така и во мојата професија. И мојот најголем успех е мојата сопруга , која исто така ја сакам и ми помогна да имам среќно и прекрасно семејство, и покрај многуте предизвици што животот на уметникот често ги наметнува, додаде тој.

Драган Бјелогрлиќ и неговата сопруга Маја имаат две деца, ќерката Миа, која има 24 години и синот Алексеј, кој има 21 година. Неговиот син е студент по глума, а ќерката дипломирала на Факултетот за политички науки.