На републиката и требате вие, Французите, разбудете се! Оваа алармантна порака до нацијата ја испрати лидерот на француската опозиција, Марин Ле Пен, во својот говор за време на првото политичко обраќање по летните одмори.

Овој нејзин говор се проценува како еден вид вовед во кампањата, година и пол пред претседателските избори.

Две третини од говорот, долг околу четириесет минути, Марин Ле Пен го посвети на безбедносната состојба. Од Фрежис, на Азурниот брег, градот каде што нејзината партија е на власт, лидерот на опозицијата, меѓу другото, истакна дека сегашната безбедносна криза се претвора во систематската „антиполициска кампања“, како и во зголемувањето на деликвенцијата, пресметките меѓу локалните банди, но и во анти-француски расизам.

Марин Ле Пен го критикуваше сегашниот претседател на Франција, Емануел Макрон, бидејќи, според неа, ослободени се десет илјади криминалци кои не ја издржале казната до крај.

Таа ја обвини „анархична и неконтролирана имиграција“ за тешката безбедносна состојба, но исто така истакна дека не сака да прави паралели помеѓу странците што ги почитуваат француските закони и оние кои не го прават тоа.

Друга важна тема на која и го посвети остатокот од својот говор е економската состојба. Ле Пен истакна дека во моментов се одвива процесот на распаѓање на мондијализмот, пренесуваат француските медиуми.


Напишете коментар