Познатиот светски вирусолог, Ана Глигиќ, која стана позната во поранешна СФРЈ и во светот како шеф на тимот кој 1972 година ја порази заразата со вариола вера, во интервју за емисијата Во Центар, кое ќе се емитува вечерва во 22 часот на youtube каналот Vasko Eftov презентираше алармантни информации за појава на корона кај 400 илјади визони во регионот на Северна Грција, што е во непосредна близина на границата со Македонија.

Тие визони, според Глигиќ, сега се во фаза на размножување и се очекува во блиска иднина да станат 1,2 милиони.

Според Глигиќ тоа може да биде опасно бидејќи според нејзините проценки сегашната фаза на пандемијата со корона е настаната во текот на месецот јуни во Шпанија кога короната од куни кои се одгледуваат на шпанските фарми ги заразиле локалните фармери.

Како што вели Глигиќ, сегашната фаза на корона се разликува од првиот бран кој завршува околу 15 до 30 мај.

Интервјуто со Глигиќ се емитува вечерва во 22 часот во емисијата Во Центар.