Политичките партии во Албанија не успеаа да постигнат консензус за изборната реформа,за што краен рок беше 31 мај, што самите си го зададоа.

По повеќечасовна расправа, на која и претходеа одвоени средби со странските дипломати и ветувања дека договорот за изборната реформа ќе ја заокружат до синоќа до 24 часот, тоа не се случи.

Најавено е, сепак, дека ќе продолжат средбите на Политичкиот совет, во кој членуваат претставнци од владеачкото мнозинство, парламентарната и вонпарламентарната опозиција.

-Опозицијата понуди консензус. Но Социјалистичката партија не е подготвена за него, зашто што сака да спроведе избори како оние од 30 јуни.  Опозицијата не се откажува од гаранцијата за слободно даден глас. Подготвени сме да продолжиме со работата на Советот и очекуваме СП да го направи првиот чекор,изјави Оерд Булукбаши, претставник на вонпарламентарната опозициска Демократска партија.


Напишете коментар