„Поаѓајќи од високиот број заразени а со цел да се спречи понатамошното ширење на заразата, донесовме одлука со која се забранува движење од 22:00 до 6:00 часот наутро. Ограниченото движење започнува од среда, 11 ноември и ќе трае три недели. Од оваа одлука се изземаат само лицата кои се на работа и службите за итни потреби“,

Во текот на полицискиот час нема да работат угостителските објекти кои ќе имаат можност само за достава на храна, додека за јавната администрација се воведува работа онлајн или со ротација на вработените, во зависност од спецификите на секторот.

Ракацоли нагласи дека на овој чекор се одлучиле по деталната анализа на состојбата со пандемијата и реализираните активности до сега, како и од искуството од други земји.

Слична рестриктивна мерка, но само во текот на изминатиот викенд, беше на сила и во Косово, каде Приштина и шест други општини беа во карантин.