Албанскиот министер за Европа и надворешни работи Гент Цакај рече дека Албанија не може да помогне во постигнување на конечен договор меѓу Белград и Приштина, но изрази уверување дека Албанија ќе го поддржи ставот на приштинските институции за постигнување договор.

Тој уште еднаш истакна дека не е можно Албанија да помогне во договорот меѓу Белград и Приштина, затоа што на крајот, како што рече, секој меѓународен договор мора да биде ратификуван во косовското собрание.

Ние не сме дел од преговарачкиот тим, потсети албанскиот министер. Досега немало така резолутен став на Тирана дека тие нема да се мешаат околу идниот статус на Косово, што покажува дека Албанците се свесни за новите ветрови во светската а посебно и во американската политика.

Инаку Гент Цакај е роден во Приштина, а потекнува од косовскиот град Ѓаковица. Член е на Социјалистичката партија на Албанија на Еди Рама. Во јануари 2019 година Цакај беше назначен да го замени поранешниот министер за надворешни работи Дитмир Бушати, но неговото именување на таа позиција беше одбиено од албанскиот Претседател Илир Мета. Дури по неколку месеци Цакај беше избран за министер за надворешни работи а тој период го пополни премиерот Еди Рама кој во исто време беше и министер за надворешни работи.


Напишете коментар