Албанските државни ограни се приклучија на меѓународен истражен тим за да откријат мрежа на хакери кои успеале да украдат 504.000 евра. Се сомнева дека во таа мрежа се наоѓа 28-годишен државјанин на Албанија, кога посочија одредени траги.

Според порталот „Репортери“, мистериозниот хакер се бара по серија активности извршени од Бугари и Германци кои посочуваат дека младиот Албанец е одговорен за измама и има улога во плаќање на домени, веб-страници и слично.

Мрежата на измамници функционираше така што привлекуваше жртви и им ветуваше да тргуваат со акции и криптовалути на веб-страниците што беа претставени како крипто-пазари.