Поранешниот пратеник на Иницијативата, Миjaаим Зека, изјави дека го известил поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи, дека за него се подготвува атентат.

Според албанските медиуми, Зека изјавил дека припадник на специјалните безбедносни сили, кој наводно е член на семејството на висок политички функционер, се подготвува да го убие Тачи.

Го информирав претседателот Хашим Тачи дека врз него се подготвува обид за атентат од припадници на специјалните безбедносни сили, кој инаку е член на семејството на висок политички функционер кој беше во владата. Претседателот го знае тоа. Информациите се покажаа како точни. Властите исто така се свесни за тоа – рече Зека за Канал 10.