Откако албанската телевизија Зјар ги претстави топлес водителките во својата програма, нивниот рејтинг, се пофали сопственикот Исмет Дришти, се зголемил за неверојатни 300 проценти.

Имено, заштитните лица на споменатиот ТВ канал се атрактивни девојки кои ги читаат вечерните вести, во ударен термин, само во сакоа – секако, под нив не носат градници.

– Ние не продаваме секс, ние ги репродуцираме вестите онакви како што се – рече Дришти.

А на една од „голите презентерки“, Грета Хоџај, ангажманот на телевизијата Зјар и донесе слава што не можеше ни да си ја замисли.

– Работев напорно пет години на локалната телевизија, но останав потполно незабележана таму … Еве, во рок од три месеци, станав ѕвезда. Не жалам за ништо – рече таа.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *