Поддржувачите на т.н. „Голема Албанија“, што подразбира идеа за живеење на Албанците во една држава, а на штета на териториите на Србија, Црна Гора, Македонија и Грција, доби „ветер во грб“ од некогашната голема спортска звезда.

Имено, поранешниот светски шампион во карате, Енвер Идризи, беше гостин во Швајцарија и се приклучи на прославата на 552-годишнината од смртта на Скендербег.

По тој повод, Идризи, кој е Албанец роден во Скопје за време на СФРЈ, кој подоцна блескаше на меѓународната сцена како репрезентативец на Хрватска, го истакна следното:

Кога го имаме Скендербег (споменик) во ваков меѓународно важен град како Женева, тогаш зошто не би имале во албанските земји и градовите како Медвеѓа или Ниш?! Скендербег е наш национален херој, каде и да живеат Албанци, тој е исто така таму, затоа што треба да нè потсетува на албанските доблести, за тоа како ги ослободи другите народи на Балканот, истакна Идризи, потенцирајќи дека би сакал да се вклучи во финансирање на споменатите споменици во Медвеѓа и Ниш.

https://www.instagram.com/p/Blkfgl7BiZT/?utm_source=ig_embed