Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во Сочи ќе оствари средба со претседателот на Русија, Владимир Путин, соопшти прес-службата на претседателот на соседна Србија.

Вучиќ претходно истакна дека неговата средба со Путин е многу важна за Србија, наведувајќи дека ќе разговара за цената на рускиот гас, за сите важни политички прашања, како и за Косово и Метохија, но и за ситуацијата во целиот регион.

Вукиќ потсети дека Русија е четврти трговски партнер на Србија, и тој оцени дека има многу простор за зголемување на трговската размена помеѓу овие две држави.

Што се однесува до гасот, во овој момент резервите во Србија се паднати на 128 милиони кубни метри, бидејќи трошиме повеќе поради високата цена на струјата. Цената на гасот е од клучно значење за Србија – нагласи Вучиќ пред средбата со Путин.