До април 2022 година, кога ми истекува сегашниот мандат и ќе се одржат новите претседателските избори, тоа нема да се случи, а после тоа одлучуваат луѓето, рече српскиот претседателот, Александар Вучиќ на прашањето дали на Косово гледа како на независна држава.

Вичиќ одговараше на прашањето дали изборот на Џо Бајден за нов претседател на Америка носи нови притисоци за Србија?

Не може да се победи во  шахот без фигури на таблата. А, ако тоа им го кажевме на луѓето, како тие би реагирале?!  Вистина е дека никој на Запад не мисли дека Косово е дел од Србија, а и дека ние одложуваме, се обидуваме да извлечеме нешто – рече српскиот претседателот и додаде дека е точно дека тие го губат трпението и дека Србија дава отпор и одолговлекува.

Вучиќ рече дека Србија е во тешка ситуација цело време и дека никој на Запад не смета дека Косово не е независно.

Но гледате што се случува во Македонија вели тој:

Тие не отворија преговори за Северна Македонија, која го смени името на нејзината земја и на кои и ветија кули и градови, на крајот дури и не отворија преговори.  Србија со голема брзина се приближува до европскиот економски стандард и ако продолжиме така, разликата драстично ќе се намали.  Владеењето на правото е ужасно важно затоа што ни носи нови инвестиции, а како што можете да видите, тие убедливо најмногу ја избираат Србија- рече Вучиќ.