Германските лекари кои пристигнале со авион во Омск за да го пренесат рускиот опозициски лидер во Берлин на лекување, велат дека тој е доволно добар за да може да лета.

По ова, болницата во Омск му овозможи да го продолжи лекувањето во Германија.

Неговите најблиски додадоа дека се надеваат дека се ќе биде во најдобар ред со него, и дека наскоро ќе почне борбата за ослбодување на Русија .

Сопругата на руски опозициски политичар го замоли рускиот претседател Владимир Путин да дозволи Навални да биде префрлен од болницата во Сибир во Германија, за да му се укаже лекарска помош.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *