Лидерот на ДУИ, најсилната албанска партија во Македонија, Али Ахмети, ќе сведочи на 2 септември пред Специјалниот суд за воени злосторства на УЧК, објави ТВ21, повикувајќи се на извори од оваа партија.

Информациите од партискиот кабинет на Ахмети биле потврдени за телевизијата дека Ахмети за 10 дена ќе замине во Приштина за да сведочи за неговата улога во УЧК.

Ахмети претходно беше замолен да биде достапен два дена за да сведочи.

Минатиот месец, лидерот на ДУИ на својот Фејсбук профил објави дека добил покана за сведочење во Специјалниот суд во Хаг.

Тој изјави дека ќе отиде таму да сведочи како еден од основачите на ОВК.

Во книгата Господарите на војната и бунтовниците на Балканот, напишана од британскиот новинар Џон Филипс, пишува дека на средбата на која 1993 година беше формирана УЧК бил присутен човек со псевдоним Абаз Џука.

Подоцна Абаз Џука стана познат во Македонија како Али Ахмети, прво како командант на ОНА а потоа како лидер на ДУИ. И денес најблиските соработници на Ахмети му се обраќаат со псевдонимот Абаз.

Според Џон Филипс, Али Ахмети 1997 година бил сместен во Тирана каде што ги органираше герилските групи кои потоа делуваа на територијата на Косово и Македонија.

Уште 1998 година постои кривична пријава против десетина лица, меѓу кои и Ахмети, кои подоцнаа станаа дел од раководството на ОНА.

Македонските служби уште 1998 година имаа информации дека Народното движење за ослободување на Косово, каде Ахмети беше Потпретседател, стои зад одредени терористички акции во Република Македонија. Тоа движење беше формирано во Швајцарија.

Поради таквиот минат труд Али Ахмети е повикан да сведочи пред Специјалниот суд за воени злосторства на УЧК!


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *