Македонија официјално и институционално постои од 1944-45 година, кога беше признаена како „Федерална Република Македонија“ во рамките на Југославија. Ова го изјави лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети во интервју за албанскиот медиум „Сири.Нет“.

Тој ја коментираше актуелната тема за односите меѓу Бугарија и Македонија.

Во периодот од 1944-45 година, Македонија беше призната како федеративна република, што значи само Македонија, другите републики не се наведени како федерални, додека Република Македонија е наведена како Федеративна Република Македонија и има институционализација на македонската нација од тогашна Југославија.

Таа е призната и од меѓународната заедница, бидејќи до 1944 година имаше напори за независна, автономна Македонија и имаше заеднички албанско-македонски востанија, тие не беа многу масовни, но имаше заеднички востанија или движења веќе во текот на 1903 година, вели Ахмети во интервјуто.

Бугарските медиуми пренесуваат делови од интервјуто на Ахмети со објаснување дека партијата на Ахмети е најголемата албанска партија во земјата. Тоа е коалициски партнер на СДСМ на премиерот Зоран Заев. Клучната функција на министер за надворешни работи ја извршува Бујар Османи, кој е член на ДУИ.