Косовскиот амбасадор во Македонија, Ѓерѓ Дедај, одбива да ја испочитува одлуката за разрешување и покрај указот на косовскиот претседател Вјоса Османи Садриу за негово разрешување од функцијата.

Дедај рече дека Уставот и законите на Косово не треба да се кршат или персонализираат.

Уставот и законите на Косово се Библијата и Куран за косовското општество, пред кои сите треба да бидеме немоќни, пореча Дедај на социјалните мрежи.

Претходно, Дедај го предупреди идниот амбасадор во таа земја дека физички ќе ја брани својата позиција, не прифаќајќи го указот на претседателот на Косово.

Претседателот Вјоса Османи Садриу, на предлог на Министерството за надворешни работи и дијаспора на Косово, донесе одлука за повлекување на Дедај и на уште 11 други амбасадори избрани според политичкиот клуч.

Дедај беше назначен за амбасадор со указ на поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи, а тој ја презеде функцијата амбасадор во октомври 2018 година.

Функцијата вршител на должноста амбасадор во Скопје треба да ја извршува Приндон Садриу, сопруг на претседателката на Косово , кој досега беше советник во таа амбасада, пренесуваат косовските медиуми.