Соединетите држави ќе ги продолжат преговорите за распоредување ракети со краток и среден дострел, кои во моментов се водат со повеќе држави, а се со цел азиските сојузници, вклучително и Јапонија, да можат да се спротивстават на „непосредната закана“ со кинескиот нуклеарен арсенал, изјави американскиот специјален претставник за контрола на оружјето Маршал Билингсли во интервју за магазинот Никеј.

Според Билингсли, Вашингтон има намера да разговара со азиските земји, „не само за непосредната закана што ја предизвикува Кина, туку и за заштитата на нашите сојузници“.

Распоредувањето ракети со среден и краток дострел, како и изградба на нови копнени бази во Азија, на што САД работат во моментот, ќе стане средство за подобрување на борбената подготвеност која им е потребна на азиските земји за да можат да се соочат со „кинеска уцена“.

За таа цел, потребно е хиперсонично оружје на кое работат САД.


Напишете коментар