Кланот Гулф брои околу 1.200 луѓе, главно поранешни членови на екстремно десничарски паравоени формации.

Најбараниот колумбиски дилер на дрога и водач на Кланот Гулф ( Клан дел Голфо ), Даиро Антонио Усуга , познат како Отониел, беше фатен во саботата за време на операција спроведена од вооружените сили, потврдија воени и полициски извори.

Колумбија понуди награда до 3 милијарди пезоси (околу 800.000 американски долари) за информации за тоа каде се наоѓа Отониел, додека американската влада издвои награда од 5 милиони долари за да помогне во неговото лоцирање.

Претседателот Иван Дуке го изедначи апсењето на Отониел со апсењето на Пабло Ескобар пред три децении.

Ова е најголемиот пораз на трговијата со дрога кај нас овој век. Тоа може да се спореди само со падот на Ескобар во 1990-тите, рече тој.

Еден полицаец е убиен за време на операцијата, додаде Дуке.

Отониел најпрвин бил левичарски герилец, потоа десничарски паравојски, а потоа станал водач на криминалната банда Клан дел Голфо. Кланот, кој брои околу 1.200 луѓе, главно поранешни членови на екстремно десничарски паравоени формации, шверцува дрога и е присутен во 10 од 32-те провинции во Колумбија.

Властите соопштија дека разузнавањето предводено од САД и Британија донело повеќе од 500 војници и членови на колумбиските специјални сили во засолништето на Отониел во џунглата, кое било заштитено со осум безбедносни прстени.