Сопругата на српскиот репрезентативец во фудбал, Александар Катаи, предизвика скандал и вистинска бура во Америка поради своите расистички коментари.
Под фотографијата, на која се гледа како тројца демонстранти од афроамериканско потекло брутално претепуваат една постара жена, Теа Катаи напиша: Што не ве тепаше полицијата посилно стоко смрдлива!
Потоа следеа илјадници коментари во кои и се порачува да ја напушти Америка па дури и се упатуваа и смртни закани.
На удар се најде и нејзиниот сопруг, Александар, поранешен фудбалер на Црвена Звезда, кого сигурно го чека казна од клубот.
Катаи мораше да се оградува од ставовите на неговата сопруга: Објавите на мојата сопруга Теа Катаи на социјалните мрежи се неприфатливи. Јас не ги споделувам овие погледи на светот и тоа не се толерира во моето семејство.
Очигледно е дека состојбата во Америка е како експрес лонец и малку треба лонецот да експлодира!