Уште 1,4 милиони Американци побарале помош на бирото за невработени: Бројките никако да се намалат.

Ова е 18-та последователна недела во која бројот на апликации за бенефиции за невработеност надминува еден милион Американци.

Бројот на Американци кои аплицираа за државна помош за невработените за прв пат се искачи над очекувањата минатата недела, бидејќи пандемијата на вирусот корона продолжува да и задава удар за американската економија.

Министерството за труд на САД соопшти дека бројот на апликации, поднесени за прв пат да добијат бенефиции за невработеност, е 1,4 милиони за минатата недела.

Економистите анкетирани од компанијата Дау Џонс предвидоа дека ќе бидат поднесени 1,3 милиони од тие барања. Тоа е 18-та последователна недела во која бројот на апликации за бенефиции за невработеност надминува еден милион.

Според статистичките податоци на Министерството за труд, Калифорнија е пред другите сојузни држави со 292.673 барања поднесени минатата недела, а потоа следуваат Флорида и Џорџија со повеќе од 100.000 апликации.

Овие бројки не му одат во прилог на Доналд Трамп на изборите што ќе се случат за 103 дена.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *