Најголемата тајна армија во светот. Така магазинот Њузвик ја нарече армијата со околу 60.000 припадници, вклучени меѓу другото, во акции против исламистите во Африка и Пакистан и тајни операции во Иран и Северна Кореја.

Околу 60.000 луѓе беа ангажирани во операцијата на Пентагон, која списанието Њузвик ја опишува како најголема тајна операција во историјата. Таа армија е десет пати поголема од слични операции што некогаш ги спроведувала ЦИА.

Списанието тврди дека оваа армија врши дејствија во САД, но и надвор од границите на земјата, во униформи и цивилна облека, понекогаш криејќи се зад приватни компании или консултантски компании.

По двегодишна истрага, Њузвик тврди дека реалните димензии на оваа операција никој со сигурност не може да ги процени и дека целиот потфат е во спротивност со американските закони и женевската конвенција.

Во оваа операција се вклучени околу 130 приватни компании, кои се обезбедуваат со логистичка поддршка од десетици малку познати и тајни владини служби, по цена што надминува 900 милиони долари годишно.

Според американското списание, тие пари се трошат на создавање лажни идентитети и набавка на опрема за шпионирање.

Околу 30.000 припадници на оваа тајна армија се ангажирани во специјални операции, кои вклучуваат гонење на исламистите од Пакистан до Западна Африка, како и во акции од Иран до Северна Кореја.

Сè поголем број луѓе ангажирани на овој начин се занимаваат со електронска војна и никогаш не се оддалечуваат од тастатурите. Нивната главна цел е да се спротивстават на растечката конкуренција што Кина и Русија ја претставуваат во Америка.

САД имаат намера да ја користат тајната армија за да спроведат нередовни воени операции во оние региони каде што Америка има стратешки интереси, изјави турскиот новинар и политички коментатор Џејхун Бозкурт.

Според Бозкурт, САД имаат намера да ја користат оваа војска за да спроведат нередовни воени операции во оние региони каде Америка има стратешки интереси, а бројот на такви воени операции ќе се зголеми.

САД преку Пентагон уште еднаш се свртеа кон нестандардни методи на водење војна во нашиот регион, со притискање на копчето за започнување операции за дестабилизација на ситуацијата . Прашањето е каде точно САД ќе ја користат оваа сила. Написот зборува за обука на единица од 60 илјади војници во текот на 10 години. Соодветно на тоа, ова е време кога Обама беше претседател, објаснува турскиот експерт.

Тој потсети на силите P20G (група за проактивни превентивни операции) создадени во времето на потпретседателот Дик Чејни, а кои беа користени од терористички организации во интерес на Америка.

Тие сили беа формирани во 2002 година во Пентагон, кој тогаш беше под влијание на Чејни. Задачата тогаш беше да се принуди Ал Каеда да работи во американски интереси. Околу стотина вработени работеа во P20G, а буџетот беше 100 милиони долари. Тргнувајќи од акциите на овие сили извршени во нашиот регион, може да се замисли што може да направи армија од 60.000 луѓе, додаде тој.

Покрај тоа, додека Бајден беше потпретседател, започна Арапската пролет, што беше најамбициозен план за ширење хаос во регионот на Блискиот исток од окупацијата на Ирак, вели Бозкурт.

Познато е дека разузнавачките единици и единиците на специјалните сили, исто така, играа активна улога во овој процес, посочува Бозкурт.

Сега тие ќе се обидат да предизвикаат нов бран на хаос, продолжувајќи ја соработката со веќе постојните терористички организации и, можеби, создавајќи нови структури. Во такви услови, станува особено важно да се изгради соработка меѓу регионалните играчи, заклучува турскиот експерт.

Порталот Њузвик на 17 мај објави дека по двегодишна истрага, дошол до заклучок дека во последните десет години, Пентагон создал огромна тајна армија од околу 60 илјади луѓе.