Соединетите држави воведоа санкции против пет руски научно-истражувачки Институти, вклучително и Институтот на руското Министерство за одбрана, кој учествуваше во развојот на вакцината против коронавирус, беше пред малку објавено на веб-страницата на Министерство за трговија на САД!

Соединетите држави се сомневаат дека руските институти, кои ги ставиле нацрната листа, „работат на хемиско и биолошко оружје“.

Документот на Бирото за индустрија и безбедност при Министерството за трговија на САД беше објавен денес на веб-страницата на Федералниот регистар.

Конкретно на списокот за санкции се најдоа 33-от Централен научно истражувачки Институт на Министерството за одбрана на Русија, 48-от Централен научно истражувачки Институт во Киров, 48-от Централен научно истражувачки Институт во Сергиев Посад, 48-от Централен научно истражувачки Институт во Екатеринбург и московскиот Државен централен научно истражувачки Институт за органска хемија и технологија.

Русија беше прва држава во светот која на 11 август ја регистрираше првата вакцина против вирусот корона. Вакцината е направена од центарот „Гамалеј“ и Министерството за одбрана на Русија.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *