Улиците во Њујорк многумина ги паметат по нивните жолти такси, но овие денови градот е преплавен со камиони за селење на Њујорчани кои масовно се селат од Њујорк.

Според истражувањето, 420.000 луѓе го напуштиле Њујорк само од март до мај. За град со повеќе од осум милиони жители тоа не изгледа многу, но на југот на Менхетен околу пет проценти од становите се празни, а во скапите населби скоро половина од становите се веќе празни, пишува Себиз.

„Вие живеете во градот затоа што сакате да бидете во градот. Но, кога сè ќе се затвори и исчезне, целата култура на живот, ресторани, паркови… Тогаш тоа е многу тешко“, вели Алисон Бернштајн.

Таа е агент за недвижнини и истакнува дека никогаш немала толку многу работа.

„Нашиот бизнис напредува! Во споредба со минатата година, имаме 350 проценти повеќе барања од избувнувањето на пандемијата“, истакнува Бернштајн.

Додека луѓето порано сакаа да го најдат своето место во Њујорк, сега е обратно – тие сакаат да си заминат.

Луѓето заминуваат не само заради присилното мртвило, туку и затоа што Њујорк отсекогаш бил скап град, а заради кризата со корона, многумина веќе не можат да си дозволат да живеат во градот.

Многу луѓе преку ноќ ги загубија своите работни места, а многумина се подготвуваат да заминат.


Напишете коментар