Како дел од новиот воен буџет за 2021 година, Пентагон побара издвојување на 130,5 милиони долари за модернизација и проширување на воздухопловната база Кимпија-Турзија во Романија за распоредување на поголеми сили на американското воено воздухопловство, покажува документот разгледан од Конгресот.

Американската морнарица планира да ја претвори оваа база во голем центар за операции во Југоисточна Европа и регионот на Црното Море.

Реконструкцијата на воздухопловната база е најголемиот инфраструктурен проект на Пентагон во странство во рамките на програмата „Европска иницијатива за воздржаност“, што беше усвоена од американската администрација во јуни 2014 година, со цел да се контролира Русија.

Во воздухопловната база Кимпија-Турзија, се планира проширување на пистата за тешки авиони, изградба на нови места за паркирање на голем број борбени авиони, дополнителни резервоари за гориво и магацини за опрема и оружје. Покрај тоа, таму ќе биде инсталиран модерен систем за контрола на воздушниот простор и контрола на летот.

По завршувањето на реконструкцијата, воздухопловната база ќе може да прифаќа, привремено да стационира и контролира летови на разни видови авиони во сопственост на членки на НАТО.

Воздушната база Кимпија Турзија е клучна за европската команда и нејзините воени компоненти во реакцијата на промената на безбедносната состојба во Европа, се наведува во барањето на американското воено воздухопловство за средства од буџетот за 2021 година

Во последниве години, Европската команда на американската армија инвестираше значителни средства во модернизацијата на воздушните бази во Романија, но досега најголем дел од инвестициите беа направени во воздухопловната база кај Констанца.

Како дел од другите градежни проекти на Пентагон, финансирани од Европската иницијатива за воздржаност, воениот буџет за 2021 година предвидува одвојување на 59 милиони долари за модернизација на инфраструктурата на поморската база во Рот (Шпанија) и 36 милиони долари, или 25 милиони долари за модернизација Воздушната база Рамштајн, каде се наоѓа американската команда во Европа и Спангдалем во Германија.

Како што се очекуваше, во американскиот буџет ќе бидат издвоени вкупно 3,8 милијарди долари за програмата „Иницијатива за европска воздржаност“ за следната година.