Американскиот државен секретар Мајк Помпео изрази поддршка од САД за геополитичката важност на енергетските проекти што се спроведуваат во поширокиот регион. Вчера македонска владина делегација присуствуваше на тркалезна маса „Регионална енергетска безбедност и соработка“, на која учествуваа вицепремиерите за економски прашања и за борба против корупцијата, Фатмир Битиќи и Љупчо Николовски, заедно со министерот за економија, Крешник Бектеши

Американскиот интерес неодамна се насочи кон уште два енергетски проекти, чија имплементација ќе ја приближи Грција до Македонија и дополнително ќе ја зајакне политиката на диверзификација на изворите на енергија. Ова е интерконекторот за гасовод помеѓу Грција и Македонија, проект кој беше во центарот на средбите што ги имаше премиерот на соседната земјаЗоран Заев за време на неговата неодамнешна посета на Атина, како и надградбата на постојниот нафтовод меѓу Грција и Македонија, анализира утрово „Катимерини“.

На форумот учествуваше уште и амнасадорката на САД во Скопје, Кејт Мари Брнз. Од американска страна, покрај Мајк Помпео, на состанокот присуствуваше и заменик министерот за надворешни работи задолжен за енергетика,Франсис Фејнон, државен потсекретар за Европа и Евроазија, Филип Рикер и амбасадорот на САД во Грција, Џефри Пјат.

Помпео во интервју на АНА-МПА рече дека регионот е мошне важен за диверзификација на енергијата во Европа и дека американскиот интерес има пошироко геостратешко значење.