Американскиот портал 1945 состави ранг-листа на најсилни сили врз основа на бројот на тенкови. Авторот на статијата, Питер Сичиу, ја нарече Русија „светски тенковски лидер“.

Според него, во Русија во моментов има околу 13.000 тенкови. И покрај тоа што многу од нив се во резерва (пред се Т-80 и Т-72), неколку илјади борбени возила се подготвени да бидат распоредени во случај на потреба.

Доколку е потребно, Русија може да распореди огромни сили, се вели во написот.

Второто место, според авторот, го зазема Северна Кореја. Авторот посочува дека Северна Кореја има во употреба 6.145 тенкови. Сепак, повеќето од овие борбени возила се доста стари.

САД се рангирани на третото место според оваа проценка, со околу 6.100 тенкови. Повеќето од нив се тенкови М1 Абрамс од третата генерација, кои влегоа во употреба во времето на Роналд Реган.

Четврти и петти се Индија, односно Сирија.

Во февруари, Министерството за одбрана на Русија објави дека до крајот на годината копнените сили на Русија ќе добијат повеќе од 800 оклопни возила. Војниците, меѓу другото, ќе добијат повеќе од 90 модерни тенкови Т-72Б3 и Т-72Б3М.