Висок функционер на Српската напредна партија (СНС) беше пред извесно време во Соединетите држави, каде што на еден од состаноците странците го замолија да презентира план за тоа како ја гледа иднината на СНС без Александар Вучиќ, лидер на партијата и претседател на државата, дознава српскиот дневен лист Курир.

Вучиќ дознал за тоа пред неколку месеци, а набргу по оваа вест добил информација дека дел од Министерството за внатрешни работи незаконски го прислушувал него, како и членовите на неговото семејство. Покрај нелегалното прислушување, се дозна дека биле следени и неговиот брат Андреј, постариот син Данило и таткото Анѓелко Вучиќ.

Еден од најистакнатите функционери на партијата, некогаш меѓу највлијателните, зборуваше на еден од состаноците во САД за иднината на партијата без Александар Вучиќ на нејзино чело. Американците го прашаа тој службеник како тој ја гледа партијата без Вучиќ, како СНС може да се трансформира без сегашниот лидер. Наместо да одбие секаков разговор на таа тема, тој прифатил да учествува во тоа, вели извор од таа партија за српски Курир.

Меѓутоа, како што потенцираше истиот извор, таа приказна сè уште не беше правилно објаснета до крај, кога до Вучиќ почнале да стигнуваат нови шокантни вести.

Набргу потоа, Вучиќ дозна дека тој и дел од неговото семејство биле незаконски прислушувани, како и голем број партиски функционери, како и дека дел од МВР стои зад тоа. Тој дозна дека се следи дел од неговото семејство, додава истиот извор.

Српскиот претседател откри дека бил незаконски прислушуван во новогодишното интервју за Курир, кога рече дека има докази за неговите наводи, а тоа се негови снимени разговори. Како што изјави, некои од чесните полицајци му го доставиле тој материјал. Подоцна се дозна дека има цел список за прислушување и дека покрај Вучиќ и дел на неговото семејство, имало и некои високи партиски функционери.

Работната група на Министерството за внатрешни работи, формирана да се занимава со овој случај, испраша околу 100 лица, меѓу кои највисоко рангирана е Дијана Хркаловиќ, поранешен државен секретар на Министерството за внатрешни работи. Целиот материјал е проследен до Обвинителството за организиран криминал. Во последните пет дена, СБПОК го испрашуваше Славиша Кокеза, претседател на ФСС и, по втор пат, Дијана Хркаловиќ за околностите на загрозување на безбедноста на претседателот на државата. Кокеза одби полиграфско испитување на прашањето дали учествувал во подготовката на атентатот врз претседателот.

Дел од српските медиуми пишуваат дека станува збор за екс министерот за внатрешни работи и актуелен министер за одбрана, Небојша Стефановиќ. Во ланското интервју за емисијата Во Центар, Никола Сандуловиќ кажа дека Стефановиќ е примен на највисоко безбедносно ниво во Америка и дека ми биле испорачани планови и задачи што треба да ги спроведе.