Американската амбасада во Скопје денеска преку Твитер порача дека пресудата за поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски е позитивен чекор напред.

-Објавата на Основниот суд во Велес дека поранешниот претседател на Кривичниот суд во Скопје, Владимир Панчевски, е осуден на три и пол години затвор за злоупотреби на АКМИС е позитивен чекор напред за барање одговорност за оние што се обвинети за поткопување на судската независност, порачаа од Американската амбасада.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *