Американскиот борбен дрон General Atomics MQ-9 Reaper бил забележан над Идлиб. Дронот вршел вооружена извидувачка мисија над градот Марат Мисрин во источен Идлиб.

MQ-9 бил вооружен со четири бомби GBU-58 Paveway II со ласерско подесување. Дронот носел и неидентификувана капсула под десното крило, најверојатно е користена за комуникација или собирање на разузнавачки информации, и надворешен резервоар за гориво под левото крило.

Надворешниот резервоар за гориво покажува дека дронот е понапредна варијанта MQ-9 со продолжен опсег (ER), кој има издржливост за лет до 34 часа.

Американските беспилотни летала патролираат во Идлиб во последните неколку месеци. Под власта на Хајат Тахрир ал-Шама, поврзана со Ал Каеда, овој регионот важи за најголемото безбедно засолниште за терористичките групи и место каде што се кријат едни од најбараните терористи на Блискиот Исток во последниве години.

Дронот бил забележан над Марат Мисрин и најверојатно бил во потрага по терорист. Во септември, лидер од висок профил, Хорас ал-Дин Салим Абу-Ахмад, беше убиен од американски дрон во близина на градот.