Уставниот суд на Косово објави дека Указот на Претседателот на Косово, Хашим Тачи за назначувањето на Авдулах Хоти за мандатар на Владата на Косово, е во согласност со Уставот.

Во изјавата на Уставниот суд на Косово се вели дека Судот едногласно одлучил дека барањето на подносителите на преставката е прифатливо.

Судот едногласно одлучи да ја откаже привремената мерка утврдена со неговата одлука од 1 мај, со која указот на Тачи беше привремено ставен вон сила.

Со реакција се јави и Амбасадата на САД во Приштина. Во нивното соопштение се вели: Соединетите држави ги повикуваат сите институции и политички партии да ја спроведат денешната пресуда и сите одлуки на Уставниот суд на Косово. Ги замолуваме сите водачи да работат заедно за уредна транзиција во интерес на мирот, стабилноста и просперитетот за целиот народ на Косово.

Ова значи дека Албин Курти не е повеќе премиер на Косово и дека неговата смена не може да ја условува со одење на предвремени избори, односно дека новата косовска влада можат да ја формираат и партиите кои не победија на изборите ако обезбедат мнозинство во Парламентот.

Албин Курти го обвини американскиот преставник во преговорите со Белград, Ричард Гренел дека е главен виновник за падот на неговата влада.


Напишете коментар