Бог ги пропушта ваквите вируси не со цел да ги раздели луѓето, да тие можеби се физички разделени, туку за да можат сите луѓе да бидат поврзани едни со други од внатре со братска љубов, рече митрополитот на Црна Гора Амфилохије за време на литургијата по повод Денот на Свети Василиј во Острог. Убеден сум дека овој вирус се лекува и низ моштите на Свети Василиј – додаде Амфилохије. Инаку денес беше одржана големата литургија по повод денот на Свети Василиј во едно од најголемите балкански православни светилишта, Манастирот во Острог. На литургијата присуствуваа огромен број верници.


Напишете коментар