Под скопското Кале денеска се случи тешка сообраќајна несреќа, по која на коловозот остана превртен автомобил, а сообраќајот по улицата беше отежнат.
Според полицијата, несреќа се случила околу пладне на улицата „Лазар Личеноски“ во центарот на Скопје, а во превртувањето на автомобилот „Рено“ е повредена жената-возач.
Таа била пренесена во ГОБ „Наум Охридски“ за укажување лекарска помош, велат од МВР.