Можеби на многумина ова ќе им звучи чудно, но пејачката многу сакала една од неговите работи да остане во куќата.
Минатата година британската поп ѕвезда Адел купи куќа во Беверли Хилс од познатиот актер Силвестер Сталоне. Сепак, целата зделка можеше да пропадне доколку актерот не се согласеше на еден од нејзините услови.
Адел, всушност, му рекла на Сталоне дека ќе ја купи куќата само ако може да ја задржи статуата на актерот како Роки, која е покрај базенот. Инаку, тој планирал да ја земе со себе, но сепак ја оставил.
– Таа рече дека нема договор ако ја земе статуата. Дека ќе уништи се. Таа навистина ја сакаше – откри Сталоне.
Пејачката почнала да ја уредува вилата, а актерот рекол дека не му пречи и смета дека ќе изгледа убаво.
Станува збор за имот во ексклузивната населба Норт Беверли Парк, во Беверли Хилс, од кој има поглед на цел Лос Анџелес, додека вилата се простира на 21.000 метри квадратни, а има вкупно осум спални соби и девет бањи.
Вредноста на овој имот беше проценета на 110 милиони долари, но бидејќи актерот долго време не можеше да го продаде, цената драстично се намали, па на Адел и падна во рацете за 58 милиони.