Кардиолог предупредува на симптоми на срцева слабост: Ова не смеете да го игнорирате!
Срцевата слабост може да биде сериозен проблем. Се јавува кога срцето не пумпа доволно крв и затоа не обезбедува доволно количество крв за остатокот од телото.
Фактори на ризик за оваа болест се високиот крвен притисок, дебелината, прекумерното консумирање алкохол и возраста. Сите лекари препорачуваат веднаш да го лекувате веднаш штом ќе добиете дијагноза, пренесува магазинот City .
Бројот на заболени од срцева слабост постојано се зголемува и се очекува до 2040 година двојно повеќе луѓе да заболат од оваа болест. Се проценува дека 1-2 отсто од вкупното население на развиените земји има срцева слабост, а само 50 отсто од пациентите со напредната болест преживуваат пет години , според Американското здружение за кардиоваскуларно здравје.
Иако срцевата слабост е релативно честа болест, многу луѓе не знаат кои се нејзините симптоми. Еден од нив е особено индикативен и не треба да се игнорира. Тоа е отежнато дишење додека лежите, познато и како ортопнеја.
„Во нормални околности, кога ќе легнете, крвта непречено ќе патува до вашите екстремитети и назад во срцето, но ако имате срцева слабост, срцето не може да се справи со зголеменото количество крв. Тоа доведува до таложење на течност во белите дробови и, следствено, до отежнато дишење“, објасни експерт за оваа болест од Универзитетот во Мичиген.
Доколку го забележите овој симптом кај себе, важно е да разговарате со вашиот лекар што е можно поскоро и да ги преземете неопходните чекори за да го подобрите здравјето на вашето срце.