„Ако немам 3.000 евра да ја платам киријата во Белград, подобро да се убијам! Поранешната тенисерка денеска продава голотии: Моето семејство има 7 куќи во Црна Гора

Тамара Бојаниќ е поранешна тенисерка, а денес заработува со пласирање голотија на сајтови за возрасни. Старлетата сега проговори за бројни актуелни случувања, а окото на јавноста особено го привлече нејзината изјава за заработката, но и за имотот што го поседува нејзиното семејство во Црна Гора.

Со оглед на тоа што го закачила рекетот и дека Онлифенс и е примарен извор на пари , Тамара откри како нејзините родители во Црна Гора реагирале на ваквата одлука.

– Мама и тато реагираа хаотично, да бев дома ќе ме исфрлеа од дома, но бидејќи веќе бев независна им реков: „Ќе ми давате вие 20.000 – 30.000 евра месечно – нема “. Заработувам 30.000 месечно! Утре даночното ќе дојде на врата, – вели Тамара.

Таа истакна и дека планира да започне сопствен бизнис.

– Планирам да отворам нешто. Искрено, јас многу тешко штедам пари. Најмногу трошам на излегување, плаќам се за себе, но и за другите. Месечно трошам од 15.000 до 20.000 евра. Мене ме чини од 150 до 200 евра на ден кога не пијам, и 500 евра кога ќе пијам ако немам 3.000 евра за да платам кирија, подобро да пукам во себе – изјавила Тамара Бојаниќ за Хајп.

Инфлуенсерот проговори и за влегувањето во реалното шоу.

 Би влегла во реално шоу за 200.000 евра. За тие пари би ги оставила да ми скокнат на глава. Ми се јавија неколку пати. Изнајмувам стан и плаќам 3000 евра. Моето семејство во Црна Гора има градежна компанија, имаме 7 наши вили со базен и теретана. Можеби ќе купам стан овде. Го сакам Тиват во лето и Белград во зима.

Инаку, Тамара еднаш откри дали се гледа себеси во порно филмови.

Да потсетиме, на  Тамара Бојаниќ и предвидуваа блескава спортска кариера, своевремено беше и репрезентативка на Фед купот на Црна Гора во 2014 и 2015 година, а нејзините јуниорски резултати беа исклучително забележителни. Сепак, кога станува збор за нејзината професионална кариера, таа имаше неколку натпревари и заостанува само малку зад 1000-то место на ВТА листата.