„Ако треба, ќе интервенираме“: Вучиќ за протестот на 28 јуни во Белград

Претседателот Вучиќ изјави дека државата ќе интервенира ако биде принудена.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес по повод најавениот протест во сабота, 28 јуни во Белград, изјави дека државата ќе интервенира само ако е принудена и дека ќе направи сѐ што е во нејзина моќ да не се повреди никој.

Вучиќ изјави дека 28 јуни ќе помине и дека земјата ќе победи.

„Ќе бидеме морални, секако дека ќе интервенираме, но се надевам дека нема да бидеме принудени да го сториме тоа. Ќе работиме во меѓувреме. Сега имам разговор со студентите во рамките на Меѓународниот студентски форум „Слобода и суверенитет на народот во 21 век“, потоа ќе одам во Чачак и Пожега за да ги посетам последните делници од автопатот што треба наскоро да се отворат. И ова се исклучително, исклучително важни работи за мене“, изјави Вучиќ за Ниш ТВ кога го прашаа дали државата ќе направи сè што е во нејзина моќ за да спречи нешто да му се случи на Видовдан.