Неколку дена или еден ден пред почетокот на т.н. „специјална воена операција“ во Украина, претседателот на Русија, Владимир Путин, побарал од својот белоруски колега, Александар Лукашенко, да му го чува грбот во случај ситуацијата да тргне во несакана насока, откри белорускиот претседател Александар Лукашенко во интервју со украинската новинарка Дијана Панченко.
„Слушај, Александар, знаеш, таква е ситуацијата, ако не дај Боже се случи нешто, дали сме сојузници ?“, се присетил Александар Лукашенко на зборовите на Владимир Путин.
Претседателот на Белорусија истакнал дека позитивно му одговорил на рускиот колега и го потсетил дека имаат практично „обединета Армија“. Тој го прашал рускиот претседател – „што може да се случи ?“.
„Се е можно, внимавајте на мојот грб, ве молам“, ги цитираше Александар Лукашенко зборовите на Владимир Путин.
Според Александар Лукашенко – „рускиот претседател се плашел да не биде прободен во грб од Западот“.