Александра Пријовиќ го очекува своето второ дете со Филип Живојиновиќ, а до сега не објави ништо откако таа информација стигна до јавноста.
Пријовиќ денес на Инстаграм ја објави првата фотографија од својата поодмината бременост.
Пејачката ги воодушеви сите во краток цветен фустан додека го држеше стомакот.
Додека влегува во 9-тиот месец од бременоста, породувањето е пред вратата, а Александра изгледа подобро од кога било.
Насмеана, со фигура која не покажува никаков вишок, Александра покажа дека ужива во улогата што повторно ја чека, а тоа е мајчинството.
Пријовиќ и Филип веќе го имаат синот Александар, кој со нетрпение очекува да стане постар брат.
Александра и Филип очекуваат девојче, што потврдија дека била нејзина голема желба.
– Александра и Филип сонуваа да имаат ќерка и сега, нивната желба се оствари. Секако, најважно за нив беше бебето да биде живо и здраво, но бидејќи веќе имаат син, сакаа второто дете да биде девојче – рече извор близок до двојката и додаде:
– Пресреќни се, резултатите стигнаа на роденденот на Александар. Нивната желба се оствари и целото семејство едвај чека наследничката да дојде на свет.
Во мај, бремената Пријови беше со синот и сопругот на патување во Орландо, Флорида, Америка, каде што го посетија и Дизниленд. Потоа сподели неодоливи фотографии на својот Инстаграм.
Александра потоа блесна во долг црн фустан, а нејзиниот син ја бакна по трудничкиот стомак.